В среда, на 10 јули 2019 г. во периодот меѓу 4 и 8 часот наутро, стручни екипи на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово ќе ја спроведат втората фаза од авиотретирањето против комарци во Кочанско.
Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови.
Со авиотретирањето ќе бидат опфатени површините во градското подрачје на Кочани и низинските села што припаѓаат на територијата на Општина Кочани.
Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.
При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот поволен ден.