На 26 и 27 јуни (среда и четврток), на подрачјето на Кочани ќе се спроведе втората фаза од превентивното терестичко (од земја) дезинсекциско третирање за заштита од комарци.
Со оваа дезинсекција ќе бидат опфатени 300 хектари на следните локации: градското подрачје на Кочани и селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.
За третманот против комарците ќе се користи ларвицидното средство метопрен и препратот аква к-отрин, со активната супстанција делтаметрин, широкопојасен инсектицид за третирање комарци, одобрен од Бирото за лекови.
Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.
Прскањето ќе го врши екипа од Центарот за јавно здравје – Кочани.