Општина Кочани и Здружението на граѓани „Авена“ со пригодни содржини ќе го одбележат 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите.
На 6 април, од 10-14 ч. на спортските терени во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ ќе се одржат традиционалните натпревари во мал фудбал на кои ќе учествуваат ученици од македонска и од ромска националност од основните училишта во Кочани.
Во вторник, на 7 април, во 10 ч. градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски и претставници од Општината и од ромските здруженија на граѓани ќе го посетат клонот 4 од Детската градинка „Павлина Велјанова“ каде што се спроведува проектот „Инклузија на деца Роми во градинките“. Дваесет и петте деца вклучени во овој проект и големите групи од другите клонови на градинката ќе прикажат богата програма.
На 8 Април, во 12 ч. во Спортската сала „Никола Карев“ во Кочани ќе биде прикажана културно-забавна програма под наслов „Заедно сме посилни“.