Во рамките на програмата за локален активизам „Младински локални иницијативи“ иницијативата „Обединети во различностите“ на 1 јуни 2019 г. во Кочани го реализираше настанот „Плати кафе со уметност“. Носители на настанот беа ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ во соработка со невладината Млади инфо, преку фондовите на ЕУ и со финансика поддршка на Општина Кочани.
Љупка Јорданова, член на тимот „Обединети во различностите“ соопшти дека сите што се заинтересирани да напишат есеј или да цртаат на тема против дискриминација и насилство – ќе добијат кафе. Целта на овој настан е да ги спои младите од Кочани и да им овозможи прифаќање на различностите.
– Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме младинските иницијативи и активности, со што ќе го поттикнуваме учеството на младите во креирањето одлуки и во вклучувањето на локалните политики и ќе им покажеме дека тие се важни чинители во локалното управување – изјави за медиумите градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
Младинските локални иницијативи продолжуваат и во наредниот еприод, за кога е планирано да се одржи ораторска вечер како и филмски проекции со тема против дискриминацијата. Исто така ќе се одржи и спортски настан со учество на малди од различна возраст, етничка, полова и друга припадност.