Традиционалниот Пролетен крос, кој кај учесниците – учениците од основните и средните училишта беше најавен за 17 мај, се одложува поради временските услови.
Според организаторот на оваа манифестација, Сојузот за училишни спортови, дождот во изминатиов период не овозможува добри услови на теренот, па Пролетниот крос ќе се одржи на 1 јуни 2019 година во 8 ч.
Во содржинските рамки на Пролетниот крос, годинава, првпат Општина Кочани ќе организира Трка за женско здравје, во која се поканети да се вклучат сите поддржувачи на физичката активност како значаен фактор за здравјето, како и поддржувачите на борбата против тешките болести со кои се соочуваат жените. Трката ќе се изведе во розови маички и ќе има симболичен, а не натпреварувачки карактер.
Пролетниот крос, кој го организира Сојузот за училишни спортови во соработка со Општина Кочани ќе се одржи по деветти пат.