Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи – Штип во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и Општина Кочани, в среда, на 4 март, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани организира училишен квиз под наслов „Колку го познаваш сообраќајот“.
На квизот ќе земат учество ученици од шесто, седмо и осмо одделение од сите основни училишта од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.
Целта на овој училишен натпревар е да се зголеми степенот на знаење од областа на сообраќајот, а со тоа и нивото на сообраќајната култура кај младата популација.
Квизот ќе започне во 12 ч.