Од листата од петнаесет пријавени за избор на спортист на годината, високи позиции добија фудбалерката ЖФК „Кочани“, Ана Веселинова, каратистот на „Партизан“ Димитар Јакимов и гимнастичарот Ненад Атанасовски.
За млад надежен спортист е избран единаесетгодишниот Роберто Здравковски, член на Карате клубот „Партизан“. Веднаш зад него е кошаркарот на „Баскет Дино“, Андреј Данилов, а трет е Антонио Јаношевиќ од Клубот за гимнастички спортови „Кочани“.
Женскиот фудбалски клуб „Кочани“, кој во 2014 година беше првак во Женската македонска фудбалска лига и шампион во Купот на Македонија – жени, е прогласен за најуспешна екипа, а нејзиниот тренер Оливер Јовановски е избран за најдобар тренер.
Признанието најдобар спортски работник за 2014 оди кај Владо Андов од ЖФК „Кочани“.
На изборот едногласно беше решено, по повод 35-годишнината од искачувањето на планинарската експедиција од Кочани на Мон Блан, на учесниците во овој спортски подвиг да им биде доделено признание за трајни вредности во спортот.
Доделувањето на наградите и признанијата за најуспешните во спортот во 2014 година е закажано за в четврток, 29 јануари, во 19 ч. во ресторанот „Национал“ во Кочани.