По повод 74-годишнината од ослободувањето на Кочани и 27 години од прогласувањето на независна и самостојна Македонија, градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев денеска се сретна со претставници на Сојузот на борците од НОВ од Кочани и Виница.
На средбата се разговараше за моменти од поблиската историја на Кочани, за значењето на претстојниот референдум и за потребната заштита и рехабилитација на некои споменици и спомен-обележја во Кочани и Кочанско.
Во разговорите беше истакнато дека празничните средби на градоначалникот со преставниците од Сојузот на борците од НОВ се можност за координација на заеднички активности од јавен интерес.
По повод двата празника, делегации од Општината, Советот, Сојузот на борците и од Општинската организација на Социјадемократскиот сојуз положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на бистите на борците Љупчо Сантов и Раде Кратовче, а градоначалникот Илијев со празнична честитка до граѓаните упати желби за поубава иднина и просперитетна држава.