ГРАЃАНИТЕ ОДЛУЧУВААТ БУЏЕТСКИ ФОРУМ 29.11.2016 г. ЧЕТВРТА ФОРУМСКА СЕСИЈА

Четвртата форумска сесија од буџетскиот форум во општина Кочани ќе се одржи на 29 ноември 2016 година, во ресторанот „Аква Кочани“, со почеток во 18 часот.

На четвртата форумска сесија граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со планираните расходи на преостанатите 4 буџетски програми, од вкупно девет колку што беа избрани како приоритетни од нивна страна.

На четвртата форумска сесија главно внимание ќе биде посветено на (програмата за изградба на улици и патиѓшта, програмата за уредување на рурални подрачја во општина Кочани, програмата за против пожарна заштита и програмата за социјална и детска заштита) форумот – граѓаните ќе имаат можност да расправаат по предлозите на општината но и да ги дадат и своите предлози и мислења во врска со програмите кои ќе бидат предмет на дискусија.

Целта на буџетскиот форум е да се донесе буџетот на транспарентен начин во консултација со граѓаните и според нивните приоритетни потреби.