На 11 јули, четврток, со почеток од 9 ч., Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 27. редовна седница со следниот предлог-дневен ред:
- Информација за заштита на почвата (експлоатација на глина, песок и геотермална вода) на подрачјето на општина Кочани
- Информација за состојбата со боровиот четник на подрачјето на општина Кочани
- Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење недвижна ствар „Пречистителна станица“, на КЈП „Водовод“ – Кочани, без надомест
- Предлог-одлука за давање на времено користење дел од недвижна ствар, сопственост на Општина Кочани, на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, без надомест
- Давање согласност за измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2019 година на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2019 година во периодот од 01.01.2019 година до 30.06.2019 година
- Извештај за работењето на комуналните редари во општинската администрација во Општина Кочани за периодот од јануари до јуни 2019 година
- Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за II квартал од 2019 година
- Измени и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2019 година (ребаланс)
- План за измени и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на Општина Кочани за 2019 година
- Локален акциски план за образование на Роми во Општина Кочани 2019 – 2021.
- Стратегија за млади на општина Кочани 2019 – 2023
- Заеднички акционен план за развој на ромската заедница во Општина Кочани за пеиод 2019/20 година
- Предлог-одлука за давање согласност за вклучување на деца Роми на возраст од 3 до 6 години за престој во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за период до 31.12.2019 година за реализацијата на Проектот „Инклузија на деца Роми во јавни општински установи – детски градинки“
- Предлог-одлука за организирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Кочани со учество на Општината во цената на билетот по патник на распределената линија
- 16. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување зони и пресметковни бодови за утврдување на пазарната вредност на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани на згради и други градежни објекти кои се изградени на подрачјето на општина Кочани
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за одржување и користење паркови и зеленило, набавка, поставување и одржување урбана опрема, одржување детски игралишта и одржување на фонтаната „Зрно“ за 2019 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за јавна чистота во општина Кочани за 2018 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за остварување на социјална, детска и здравствена заштита на Општина Кочани за 2019 година
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за постапка и критериуми за распределба на средствата од Буџетот на Општина Кочани во областа на спортот
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за спорт на општина Кочани за 2019 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за култура на Општина Кочани за 2019 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за комуникација на општина Кочани за 2019 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за поддршка на образованието во Општина Кочани за 2019 година
- Предлог- програма за изменување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2019 година
- Предлог- програма за изменување на Програмата за изработка на урбанистички планови,урбанистичко-планска документација, и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2019 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2019 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2019 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2019 година
- Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од планскиот опфат за КП бр. 2202 КО Полаки; за КП бр. 2519 КО Пресека; за КП бр. 4454 КО Полаки; за КП бр. 342 КО Црвена Нива; за КП бр. 520/10 КО Вранинци; за КП бр.854/2 КО Тркање
- Предлог-план за изменување и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Кочани за периодот 2019/22 година
- Предлог-одлука за давање на согласност на договор за примање на донација
- Предлог-одлука за давање согласност на договор за примање на донација
- Предлог-одлука за давање согласност на договор за примање на донација
- Предлог-одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Кочани
- Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на јавните службеници кои вршат административни работи во ЈОУ ДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- Давање согласност на Правилникот за внатрешна организација на работни места во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- Давање согласност на Правилникот за систематизација на работни места во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- Предлог-одлука за давање на времено поткористење недвижна ствар, на Секторот за внатрешни работи Штип – Полициска станица Кочани, без надомест
- Предлог-одлука за давање на времено користење дел од недвижна ствар, сопственост на Општина Кочани на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје, без надомест.