Врз основа на членот 9 од Правилникот за услови и начин за за продажба и давање на користење ствари во сопственост на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр.13/09), Комисијата за продажба и давање на користење ствари во сопственост на општината Кочани, објавува
Јавен оглас за давање на користење и поткористење недвижни ствари, сопственост и корисник Општина Кочани, со надоместок, по пат на јавно наддавање
1. Предмет на јавниот оглас:
Давање на користење:
– недвижни ствари:
А- Општина Кочани е сопственик на следните недвижни ствари:
1. ГРДОВЦИ (ДОМ НА КУЛТУРА) – КП бр.3560 ИЛ бр.325, површина -268 м2
2. КОЧАНИ (АСНОМ) КП бр.11592 ИЛ бр.13185- зграда 1, влез 3, кат -приземје, – површина 179 м2
3 .КОЧАНИ (АСНОМ) КП бр. 11592 ИЛ бр.13185 – зграда 1 – приземје – површина 157,92 м2
4. КОЧАНИ (Шаховски клуб) КП бр.12231 1- кат , површина 56 м2
5. КОЧАНИ (Барака „Скопско“) КП бр.14428 ИЛ бр.13185 , површина 92 м2.
Б – Општина Кочани е корисник на следните недвижни ствари:
1.Зграда 1 /Пр –КП бр.11072/1, Евидентен лист бр.14501, површина 199,03 м2
2. Зграда 4 /Пр –КП бр.11072/1, Евидентен лист бр.14501, површина 200,27 м2
Имотот опишан во Точката А, се дава на користење за период од:
– Имотот опишан во точките:1, 2, 4 и 5 на 10 (десет) години,
– Имотот опишан во точката 3 на 20 (дваесет) години, со обврска на идниот корисник да вложува во објектот и да достави Бизнис-план кој ќе биде основа за изработка на основен проект на кој претходно дава согласност Општина Кочани.
Имотот опишан во Точката Б- точка 1 и 2, се дава на поткористење за период од: 10 (десет) години.
Идните корисници на имотот опишан во точките А и Б се должни да ги реконструират просторите и да ги стават во функција во рок од 1 (една) година од денот на потпишувањето на договорите.
Целокупните инвестиции на корисниците кои ќе бидат вложени во објектите по завршувањето на периодот за користење ќе останат во сопственост на Општина Кочани и инвестициите нема да бидат прифатени како пребивање со месечната закупнина која ќе биде постигната на јавно наддавање.
Имотот опишан во Точката А, опишан во точката 2 се дава за вршење на медиумска дејност, имотот во точката 3 се дава за вршење на дејност: култура, образование, спорт или социјална заштита и имотот во точките 1, 4 и 5 се дава за вршење на неопределена дејност.
Имотот опишан во Точката Б – точка 1 и 2, се дава на поткористење за вршење на неопределена дејност.
Во случај на реализација на урбанистички план, договорите за поткористење со идните поткорисници на имотот опишан во Точката Б – точка 1 и 2 ќе бидат раскинати по отказен рок од 3 месеци, без право на поткорисниците на имотот да бараат обесштетување.
2. Почетна цена за недвижните ствари
2.1 Почетната цена изнесува:
Во Точката А: под ред.бр.1 изнесува 1.500,00 денари, под ред.бр.2 изнесува 13.000,00 денари, под ред.бр.3 изнесува 60,00 денари, под ред.бр.4 изнесува 6.000,00 денари и под ред.бр.5 изнесува 3.000,00 денари.
Во Точката Б: под ред.бр.1 изнесува 3.000,00 денари, под ред.бр.2 изнесува 3.000,00 денари.
2.2 Постигната цена на јавното наддавање ќе биде месечна закупнина.
2.3 Уплатениот паричен депозит на најповолниот понудувач ќе му се врати по уплатата на износот постигнат на јавното наддавање.
3.Услови за учество на јавното наддавање
3.1 Право на учество имаат домашни и странски правни и физички лица кои ќе уплатат паричен депозит:
– за недвижните ставри опишани во Точката А во точките од 1 до 5 изнесува 10 % од едногодишната закупнина, односно: под ред.бр.1 изнесува 1.800,00 денари, под ред.бр.2 изнесува 15.600,00 денари, под ред.бр.3 изнесува 72,00 денари, под ред.бр.4 изнесува 7.200,00 денари и под ред.бр.5 изнесува 3.600,00 денари.
– за недвижните ставри опишани во Точката Б во точките од 1 и 2 изнесува 3.600,00 денари.
3.2 Депозитот се уплатува на благајна на Општина Кочани секој работен ден сметано од денот на објавување на Огласот до истекот на рокот за доставување на пријавите.
3.3 Депонираниот паричен депозит на најповолниот понудувач му се враќа по уплатувањето на постигнатата цена на јавното наддавање односно по уплатата на постигнатиот износ за закупнина.
Најповолниот понудувач кој нема да пристапи кон склучување на договорот во утврдениот рок го губи правото на враќање на паричниот депозит.
На останатите учесници на јавното наддавање им се враќаат депонираните средства во рок од 8 дена од денот на конечноста на одлуката.
3.4 Заинтересираните лица треба да поднесат пријава за учество во јавното наддавање преку архивата на Општина Кочани или по пошта на адреса ул. „Раде Кратовче“ бр.1-Кочани до Комисијата за спроведување на постапка за продажба и давање на користење на ствари во сопственост на општина Кочани со назнака „за јавно наддавање“ и заедно со неа да достават:
За правни лица:
1.Тековна состојба од Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица издадена од Централен регистар на Република Македонија (за правни лица);
2.Потврда од Општина Кочани за платени даноци, придонеси и други јавни давачки;
3.Документ за регистрирана соодветна дејност;
4.Доказ за идентитет на понудувачот (лична карта или патна исправа на овластено лице од правното лице).
За физички лица:
1.Доказ за идентитет на понудувачот (важечка лична карта или патна исправа)
2.Потврда од Општина Кочани за платени даноци, придонеси и други јавни давачки.
3.5 Бараните документи да се достават во оригинал или нотарски заверена копија и истите да не се постари од 6 (шест) месеци.
3.6 Право на учество во јавното наддавање немаат лицата кои се должни на Општина Кочани по кој било основ.
4. Рок за доставување на пријавите:
– Рокот за доставување на пријавите е до 20.2.2015 година.
5. Спроведување на јавното наддавање:
5.1 Јавното наддавање го спроведува Комисија за спроведување на постапка за продажба и давање на користење на ствари во сопственост на Општина Кочани.
5.2 Јавното наддавање ќе се спроведе и доколку на наддавањето учествува и само еден понудувач.
5.3 Наддавањето се врши со зголемување на почетната цена, но не помалку од:
– за недвижните ставри опишани во Точката А во точките од 1 до 5: под ред.бр.1 изнесува 100,00 денари, под ред.бр.2 изнесува 1.000,00 денари, под ред.бр.3 изнесува 20,00 денари, под ред.бр.4 изнесува 500,00 денари и под ред.бр.5 изнесува 200,00 денари.
– за недвижните ставри опишани во Точката Б во точките од 1 и 2 изнесува 200,00 денари.
5.4 Јавното наддавање ќе се одржи на 24.2.2015 година, со почеток во 11.00 часот, во малата сала во седиштето на Општина Кочани.
5.5 Незадоволните понудувачи можат да поднесат Приговор до Градоначалникот на Општина Кочани во рок од 5 (пет) дена од денот од денот на добивањето на известувањето за резултатите од јавното наддавање.
5.6 Најповолниот понудувач во рок од 8 (осум) дена по конечноста на одлуката за избор на најповолен понудувач ќе склучи договор со општината.
5.7 Доколку најповолниот понудувач не склучи договор со Општината во рокот од точка 5.6, ќе се смета дека се откажал, го губи правото на враќање на паричниот депозит и договор ќе се склучи со второрангираниот понудувач