По повод Меѓународниот ден на литературата за деца, ЈОУ Библиотека „Искра“ започна со одбележување преку реализација на проектот Фестивал на децата, книгите и музиката „Другарувањето со книгите ни е песна“.
Станува збор за програмска содржина која ќе се исполнува во текот на целата недела – промоции на книги, ликовни работилници, музичко-ритмички точки, едукативни работилници итн.
На денешното отворање на Фестивалот на децата, книгитe и музиката, учество зедоа ученици од СОУ „Љупчо Сантов“, ОУ „Раде Кратовче“, ОУ „Никола Карев“, ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и Јазичниот центар „Амичи“, a во просториите на библиотеката се одржа ликовна работилница. Во продолжение на програмата следуваа две промоции на книги „Ута на планините“ и „Невидливата куќа“ од Билјана С. Црвенковска и Ване Костуранов.