Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Кочани, објавува:
СООПШТЕНИЕ
За организирање на јавен увид на изработен Урбанистички проект вон опфат со намена Е 1.8 – инфраструктури за пренос на електрична енергија – со два приклучоци 10(20) КВ среднонапонски подземен електричен вод, Општина Кочани со тех.бр. 0801/709/21 од март 2022г., изработен од ДТУ Билд Урбан ДООЕЛ Скопје.
Проектниот опфат на Урбанистичкиот проект опфаќа дел од КП 16759/1, 16902, 5982/4, 5983/2, 5994/2, 5998/7, 6000/3, 7108/2, 7110/2, 7111/2, 7112/2, 7122/2, 7123/6, 7125/2, 7985/2, 8010, 8012/3, 8018 КО Кочани, Општина Кочани.
Проектниот опфат е со вкупна површина од 1164 m².
Јавниот увид на Урбанистички проект вон опфат со намена Е 1.8 – инфраструктури за пренос на електрична енергија – со два приклучоци 10(20) КВ среднонапонски подземен електричен вод, Општина Кочани со тех.бр. 0801/709/21 од март 2022г., изработен од ДТУ Билд Урбан ДООЕЛ Скопје, ќе се спроведе со објава на урбанистичкиот проект на официјалната web страна на Општина Кочани: www.kocani.gov.mk
Јавниот увид ќе трае 15 дена од објавувањето на Соопштението, започнувајки од 07.05.2022 до 21.05.2022 год.
Во наведениот период, заинтерисираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со проектот ќе може да доставуваат писмени забелешки, предлози и анкетни листови до Општина Кочани.