Во вторник, на 22 февруари 2022 година, со почеток во 17 часот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, Општина Кочани организира јавна трибина за граѓаните од Градска четврт 5.
Предмет на трибината е проектот за изградба на дом за престој на незгрижени лица, намена А3 – групно домување.
На трибината, стручните служби на Општина Кочани ќе ги запознаат граѓаните со проектот за изградба на дом за престој на незгрижени лица, а граѓаните ќе можат да даваат свои мислења и предлози.