Општина Кочани преку Одделението за јавни дејности, в петок, на 23 ноември 2018 г. со почеток во 19 ч. организира јавна расправа по предлогот на општинската Програма за култура за 2019 година.
Заради поголема транспрентност и вклученост на јавноста, Општина Кочани ги повикува заинтересираните граѓани и здруженија да се вклучат во расправата за креирање на Програмата за култура за идната година.
Настанот ќе се одржи во Салата на Советот на Општина Кочани.