Врз основа на член 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина (Сл.Весник на РМ бр.147/08), Градоначалникот на Општина Кочани, го издава следното

ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

            Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека Градоначалникот на Општина Кочани донесе Одлука за организирање на јавна расправа по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за некласификувана инфраструктура со намена Е3.1 – локална депонија за одлагање на неопасен отпад – депонија за комунален отпад во Општина Кочани.

Се известуваат граѓаните и правните лица на Општина Кочани дека

ЈАВНА РАСПРАВА по

 

Нацрт извештајот за стратегиска оцена на животната средина за  Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за некласификувана инфраструктура со намена Е3.1 – локална депонија за одлагање на неопасен отпад – депонија за комунален отпад во Општина Кочани, ќе се одржи на ден 18.08.2025, со почеток во 09:30 часот во салата на советот на Општина Кочани.

Извештајот  за стратегиската оцена на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за некласификувана инфраструктура со намена Е3.1 – локална депонија за одлагање на неопасен отпад – депонија за комунален отпад во Општина Кочани, е ставен на јавен увид на заинересираната јавност на веб страната на Општина Кочани, www.kocani.gov.mk, во период од 30 дена, до 31.08.2025г., а може да се разгледа и во просториите на општина Кочани во одделението за урбанизам и заштита на животна средина, секој  работен ден од 10 до 15 часот.

Општина Кочани ја информира заинтересираната јавност дека во наведениот период на објавувањето на споменатите документи, може да доставува мислења по истите, по електронски пат на меил адреса info@kocani.gov.mk, по пошта или преку архивата на општина Кочани.

 

линк Известување

линк Одлука

линк Нацрт извештај за стратегиска оцена