На 16 октомври 2023 година (понеделник), во салата на Мултикултурниот центар, со почеток од 18 ч., Општина Кочани ќе реализира јавна расправа за прибирање предлози од граѓаните за креирање на Буџетот за 2024 година.
На консултативната средба, граѓаните ќе имаат можност да предложат проекти од развојните програми: за градежно земјиште, за водоводна, атмосферска и фекална канализација, општински патишта и улици, за јавно осветлување…
Општина Кочани ги поканува сите заинтересирани граѓани, месните и урбаните заедници да се вклучат во јавната расправа и да учествуваат во одредувањето на потребите од јавен интерес од локално значење за претстојната година.