Согласно одредбите од Законот за локалната самоуправа и Законот за буџет, Општина Кочани организира јавна расправа по програмите и нацрт-буџетот за 2023година.
Граѓаните ќе можат да расправаат и да даваат предлози од јавен интерес поврзани со надлежностите на Локалната самоуправа: урбанистичко (урбано и рурално) планирање и уредување на просторот и уредување на градежното земјиште; заштита на животната средина и природата; локален економски развој; комунални дејности; култура; спорт и рекреација; социјална заштита и заштита на децата; образование; здравствена заштита; противпожарна заштита и други работи определени со закон.
Јавната расправа ќе се одржи на 17 октомври 2022 година, во 19 ч., во салата на Мултикултурниот центар.