Во вторник, на 21 мај 2019 година, со почеток во 11 ч. во салата на Советот на Општина Кочани ќе се одржи јавна расправа  за долгорочно задолжување на Општина Кочани во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги.

Учествувајќи на оваа јавна расправа, граѓаните на Кочани ќе имаат можност да дадат придонес во определувањето на приоритетите од патната инфраструктура во Кочани и населените места.   

Општина Кочани ги повикува граѓаните, претставниците на урбаните и месните заедници да земат учество во јавната расправа.