Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/20, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), а согласно член 93 од Законот за урбанистичко планирање ( Сл. Весник на РСМ бр. 32/20 Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека се организира повторна јавна презентација и јавна анкета по Урбанистички план за село Бели, КО Бели, Општина Кочани , плански период 2017-2027 конечен предлог план со Технички број 0801/216/16 од ноември 2020, изработен од Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје, со површина 44,29 ха. Границите на планскиот опфат e опфатот на селото Бели:
ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА по
Урбанистички план за село Бели, КО Бели, Општина Кочани плански период 2017-2027 конечен предлог план, ќе се одржи на ден 09.12.2020г. со почеток во 12 часот пред манастирот Петковден во село Бели, со почитување на сите мерки за заштита од Ковид 19, држење на растојание од 2м, носење заштитни маски , дезинфекција.
ПОВТОРНА ЈАВНА АНКЕТА по
Урбанистички план за село Бели, КО Бели, Општина Кочани плански период 2017-2027 конечен предлог план ќе се спроведе во периодот од 9.12.2020 год. до 16.12.2020 год. во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови , во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, во месната заедница с. Бели, од веб страната на Општина Кочани, или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови да се достави копија од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.
Графичкиот прилог
Графичкиот прилог од урбанистичкиот план за село Бели ќе биде изложен на огласна табла пред влезот на зградата на Општина Кочани , на прометно место во с.Бели ( кај автобуска постојка кај реката) и на веб страната на општината : www.kocani.gov.mk., а подетални информации во врска со урбанистичкиот план ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.