Врз основа на член 46 став 9 и член 35 став 3 од Законот за просторно и
урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр. 199/2014 , 44/2015, 193/2015 ,
31/2016 ,163/16, 64/18 и 168/18), Градоначалникот на Општина Кочани го издава
следното

С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека се организира јавна
презентација и јавна анкета по Локална урбанистичко-планска документација со
намена А3- групно домување на незгрижени лица на КП 4738/6, КП 4766/5, КП
4766/6 и КП 4766/7 КО Кочани Општина Кочани со Тех. бр. 0801/549/19, од јануари
2020 , изработена од друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје.
Границата на планскиот опфат е следна:
– на исток границата започнува од најисточната точка 9 и се движи во јужен правец
по границите на КП 4738/6 до точка 104 и потоа ја сече истата парцела се до точка
110, потоа од точка 110 до 123 се движи по границите на КП 4738/6 и од 123
продолжува до125 која воедно е и најјужната точка по границите на парцелата
4766/5.
– на југ границата започнува од најјужната точката 125 која се движи кон запад по
границите на КП4766/5 до точка 135, потоа продолжува по границите на КП4738/6
од точка 135 до 136. Потоа од точка 136 до точка 137 се движи по граница на КП
4766/6, понатаму од точка 137 до точка 148 која воедно е и најзападна точка
границата се движи по КП 4766/7;
– на запад границата започнува да се движи во северен правец од најзападната
точка 148 до 161 по КП 4766/7, и од точка 161 до 1 воедно и најсеверната точка се
движи по границата на КП 4738/6;
– на север границата започнува движејќи источно се по најсеверната точка 1 се
долж границата на КП4738/6, сѐ до најисточната точка 9.
Површината на планскиот опфат изнесува 2,79 ха.

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА по
Локална урбанистичко-планска документација со намена А3- групно
домување на незгрижени лица на КП 4738/6, КП 4766/5, КП 4766/6 и КП 4766/7 КО
Кочани Општина Кочани со Тех. бр. 0801/549/19, од јануари 2020 , ќе се одржи на
ден 07.02.2020г. со почеток во 11,30 во салата на Советот на Општина Кочани.

ЈАВНА АНКЕТА по
Локална урбанистичко-планска документација со намена А3- групно
домување на незгрижени лица на КП 4738/6, КП 4766/5, КП 4766/6 и КП 4766/7 КО
Кочани Општина Кочани со Тех. бр. 0801/549/19, од јануари 2020, ќе трае
најмалку 5 работни дена , а ќе се спроведе во периодот од 05.02.2020г. до
14.02.2020 год. во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното
подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на
анкетни листови , во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во
општинската зграда, од веб страната на Општина Кочани, или во електронска
форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните
листови да се достави копие од катастарски план и имотен лист за парцелата за
која се доставува забелешката.
Графичкиот прилог од Локална урбанистичко-планска документација со
намена А3- групно домување на незгрижени лица на КП 4738/6, КП 4766/5, КП
4766/6 и КП 4766/7 КО Кочани Општина Кочани , ке биде изложен на огласна
табла пред влезот на зградата на Општина Кочани , во информацискиот систем е-
урбанизам и на веб страната на општината www.kocani.gov.mk , а подетални информации во врска со Локалната урбанистичко планска документација ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.

Линк до графичкиот прилог.