Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14 , 44/2015, 193/2015 , 31/2016, 163/16), и член 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина ( Сл/ Весник на РМ бр. 147/08 ) , Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното
Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека Градоначалникот на Општина Кочани донесе Одлука за организирање јавна презентација и јавна анкета по Урбанистички план за село Оризари, КО Оризари Општина Кочани , плански период 2017-2027 предлог план со Технички број 336/17 , изработен од ИН-ПУМА Институт за урбанизам, екологија и сообраќај ДОО Скопје, со површина 182 ха .
Урбанистички план за село Оризари КО Оризари Oпштина Кочани, плански период од 2017-2027г. го опфаќа селото Оризари на подрачјето КО Оризари Општина Кочани.
Границите на планскиот опфат се следните:
Северна граница од запад – исток, по северна граница на КП 7345/1, 5650, 5647, 5641,5640, 5639/1, 5638, 5627, 5688, 5623, 5616, 5614, 5612, 5611, 5608, 5605/3, 5605/1, 5602,5600, 5699, 5688, 5515/5, 5516, 5518/2, 5518/4, 74/2, 74/3, 5523, 5529, 5530, 5532, 5533, 227,222 и 46
Источна граница од север – југ, по источна граница на КП 5562/1, 5563/2, 5563/8, 5564, 210,5572, 5573/1, 5807/1, 5998, 6000, 6002/2, 6002/1, 6003/1, 6003/2, 6005, 6006, 6007/1, 6008,6011, 6013/2, 6012, 6141/1, 6141/2, 7346, 720, 721, 722, 723, 716, 713, 704, 703, 1295, 7365/1,6931/1, 1297, 1302/1, 1300, 7278/14, 5489, 7377, 2457, 2670/2, 2670/1, 2671/1, 2671/5,2671/2, 2671/6, 2671/3, 2671/4, 2672/1, 2674, 2675, 2677, 2678/2, 2678/3 и 2679
Јужна граница од исток-запад, по јужна граница на КП 2679, 227, 2394/1, 2696/6, 2397/1,2398/1, 2378/1, 2406, 2407, 2408/1, 2409, 2411, 2412, 2413, 2414, 2416, 2417, 2419/2, 2419/1,2419/3, 7381, 7351, 7230/2, 7331, 7338, 1827/1, 1927, 1921, 1961/6, 1961/7 и 1956,
Западна граница од југ -север, по западна граница на КП 7207, 7203, 7188, 7187, 7379,7132/1, 7131/1, 7131/3, 7371/2, 7107/1, 7106, 7096, 7095/1, 6530, 6457, 6458, 6464/1,6465, 6529/1, 6528, 6526/2, 6526/1, 6523/2, 6522, 6521, 6519, 6518/1, 6517/1, 6515/2,6515/1, 6513/1, 6513/4, 6513/4, 6513/3, 6513/1, 6511/1, 6511/3, 6509, 6510, 6508, 6507,6504/2, 6504/1, 6504/3, 6498/1, 6498/2, 127/1, 126, 740, 6068, 6062/1, 5931, 5930/2,5929/3, 5929/4, 5929/3 и 7345/1.
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА по
Урбанистички план за село Оризари КО Оризари Општина Кочани , плански период 2017-2027 предлог план ќе се одржи на ден 27.12.2017г. со почеток во 1130 часот во салата во домот на културата во село Оризари.
ЈАВНА АНКЕТА по
Урбанистички план за село Оризари КО Оризари Општина Kочани плански период 2017-2027 предлог план ќе трае 8 работни дена , а ќе се спроведе во периодот од 27.12.2017 год. до 9.01.2018 год. во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови , во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, од веб страната на Општина Кочани, или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови да се достави копие од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.
Графичкиот прилог од урбанистички план ке биде изложен на огласна табла пред влезот на зградата на Општина Кочани , на веб страната на општината www.kocani.gov.mk. , и на прометно место во село Оризари , а подетални информации во врска со урбанистичкиот план ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.
ЈАВНА РАСПРАВА по
Нацрт извештајот за стратегиска оцена на животната средина за Урбанистички план за село Оризари КО Оризари Општина Кочани, ќе се одржи истовремено со јавната презентација , на ден 27.12.2017г. со почеток во 1130 часот во салата во домот на културата во село Оризари.
Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за Урбанистички план за село Оризари КО Оризари Општина Кочани, е ставен на јавен увид на заинтересираната јавност на веб страната на Општина Кочани, www. kocani.gov.mk, во периог од 30 дена, до 26.1.2018г., а може да се разгледа и во просториите на Општина Кочани во одделението за урбанизам и заштита на животна средина, секој работен ден од 10 до 15 часот.
Општина Кочани ја информира заинтересираната јавност дека во наведениот период на објавувањето на споменатите документи , може да доставува мислења по истите , по електронски пат на меил адреса info@kocani.gov.mk, по пошта или преку архивата на општина Кочани