Врз основа на член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр. 32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека се организира јавна презентација и јавна анкета по Детален урбанистички план за градска четврт 13 од ГУП за град Кочани, Општина Кочани, плански период 2022-2027, нацрт план со технички број 0801-458/20 од февруари 2025г., со површина 69,12 ха, изработен од ДТУ БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје.
Планскиот опфат е дефиниран со следните граници:
Од исток: по оска на сервисна улица „Димитар Влахов“,
Од југ: по оска на сервисна улица „Димитар Влахов“ и осовина на железничка пруга Скопје – Кочани;
Од запад: по оска на сервисна улица „ Роза Петрова“
Од североисток: по оска на собирна улица „Страшо Ербапче“
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА по
Детален урбанистички план за градска четврт 13 од ГУП за град Кочани, Општина Кочани, плански период 2022-2027нацрт план, ќе се одржи на ден 13.02.2026г. со почеток во 1100 часот во салата во Мултикултурниот центар, Кочани.
ЈАВНА АНКЕТА по
Детален урбанистички план за градска четврт 13 од ГУП за град Кочани, Општина Кочани, нацрт план ќе трае 30 дена, а ќе се спроведе во периодот од 02.02.2026 год. до 04.03.2026 год. во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови,во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, од веб страната на Општина Кочани, или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови да се достави копија од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.
Графичкиот прилог од урбанистичкиот план ќе биде изложен на огласна табла пред влезот на зградата на Општина Кочани, на веб страната на општината www.kocani.gov.mk., а подетални информации во врска со урбанистичкиот план ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.
Линк кон Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета
Линк кон Анкетен лист
Линк кон Синтезен план























