Врз основа на член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр. 32/20, 111/23 и 171/24), Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека се организира јавна презентација и јавна анкета по Детален урбанистички план за градска четврт 17, Општина Кочани, плански период 2017-2027, нацрт план со технички број 0801-108/17 од јануари 2025г., со површина 46,43 ха, изработен од ДТУ БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје.
Планскиот опфат е дефиниран со следните граници:
од север: по осовина на ул. „Тодосија Паунов“;
од исток: по западна граница на КП 1961/7, КП 1961/5, КП 1961/6, КП 1921 и КП 1918;
од југ: по осовина на ул „Новопланирана 5„ и продолжува по осовина на индустриски колосек ;
од запад: по осовина на ул. „Тодосија Паунов“.
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА по
Детален урбанистички план за градска четврт 17, Општина Кочани, плански период 2017-2027 нацрт план, ќе се одржи на ден 17.02.2025г. со почеток во 11.00 часот во салата во Мултикултурниот центар, Кочани.
ЈАВНА АНКЕТА по
Детален урбанистички план за градска четврт 17, Општина Кочани, нацрт план ќе трае 30 дена, а ќе се спроведе во периодот од 17.02.2025 год. до 18.03.2025 год. во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови, во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, од веб страната на Општина Кочани, или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови да се достави копија од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.
Графичкиот прилог од урбанистичкиот план ќе биде изложен на огласна табла пред влезот на зградата на Општина Кочани, на веб страната на општината www.kocani.gov.mk., а подетални информации во врска со урбанистичкиот план ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1 кат во општинската зграда.