Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14 , 44/2015, 193/2015, 31/2016 и 163/16), Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното С О О П Ш Т Е Н И Е Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека Градоначалникот на Општина Кочани донесе Одлука за организирање јавна презентација и јавна анкета по Локална урбанистичко- планска документација за изградба на пречистителна станица на КП 802 и дел од КП 797 КО Мојанци ОПШТИНА КОЧАНИ со Тех.бр. 0801/201/16 од ноември 2016г., изработен од „ БИЛД УРБАН“ ДООЕЛ Скопје., со површина од 11,91 ха. Местоположбата на планскиот опфат е на околу 500 југозападно од с. Мојанци, м.в. Ормански ливади КО Мојанци. Границата на планскиот опфат е дефинирана по граници на катастарските парцели КП 802 и дел од КП 797, кои влегиваат во планскиот опфат.
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА
Локална урбанистичко- планска документација за изградба на пречистителна станица на КП 802 и дел од КП 797 КО Мојанци ОПШТИНА КОЧАНИ ќе се одржи на ден 6.12.2016 г. со почеток во 12 часот во салата на Советот на Општина Кочани.

ЈАВНА АНКЕТА по

Локална урбанистичко- планска документација за изградба на пречистителна станица на КП 802 и дел од КП 797 КО Мојанци ОПШТИНА КОЧАНИ трае 5 работни дена , а ќе се одржи во периодот од 6.12.2016 год. до 12.12.2016 год., во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови , во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, и од веб страната на Општина Кочани , или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови да се достави копие од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.

Графичкиот прилог на локалната урбанистичко-планска документација ке биде изложен на огласна табла пред зградата на Општина Кочани, на веб страната на општината www.kocani.gov.mk и во месната заедница во село Мојанци, а подетални информации во врска со локалната урбанистичко – планска документација ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.

Изработил/МСЈ

ОПШТИНА КОЧАНИ

Бр.22-1410/35 По овластување на Градоначалникот 25.11.2016 год. Бр.08- 2193/2 од 31.10.2014 год.

Кочани Раководител на сектор

Зоран Манасиев

LUPD Пречистителна станица