Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14 , 44/2015, 193/2015 и 31/2016), Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното соопштение. Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека Градоначалникот на Општина Кочани донесе Одлука за организирање јавна презентација и јавна анкета по Детален Урбанистички план изменување и дополнување на дел од блок 6,блок 8 и блок 9 од ДУП за град Кочани дел од УЕ 10 зона за лесна индустрија и мало стопанство Општина Кочани, предлог план 2016-2021, со Тех. бр. 0801-97/16 изработен од Друштво за производство, услуги и промет БИЛД ДООЕЛ експорт –импорт Скопје, со површина од 6,01 ха. Местоположбата на планскиот опфат е во западниот дел на градот, во зоната лесна индустрија и мало стопанство. Границата на планскиот опфат е следната: од север по осовина на десен магистрален канал,од исток – по крајна граница на улица „ Новопроектирана 1 “ и продолжува по крајна граница на улица „ 564“ крак 3; од југ –по осовина на улица „Бел камен“-крак 1 и продолжува по улица „ Бел камен“ –крак.; од запад по осовина на улица „ 564 а“ , по осовина на улица „ Крижевска“ ( 564) и продолжува по осовина на улица „564“.
Детален Урбанистички план изменување и дополнување на дел од блок 6,блок 8 и блок 9 од ДУП за град Кочани дел од УЕ 10 зона за лесна индустрија и мало стопанство Општина Кочани, предлог план 2016-2021, ќе се одржи на ден 16.06.2016 г. со почеток во 11 30 часот во салата на Советот на Општина Кочани.
Јавна анкета по Детален Урбанистички план изменување и дополнување на дел од блок 6,блок 8 и блок 9 од ДУП за град Кочани дел од УЕ 10 зона за лесна индустрија и мало стопанство Општина Кочани, предлог план 2016-2021, ќе се спроведе во периодот од 16.06.2016 год. до 01.07.2016 год., во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови , во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, и од веб страната на Општина Кочани , или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови да се достави копие од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.
Графичкиот прилог на Детален Урбанистички план изменување и дополнување на дел од блок 6,блок 8 и блок 9 од ДУП за град Кочани дел од УЕ 10 зона за лесна индустрија и мало стопанство Општина Кочани, предлог план 2016-2021ке биде изложен на огласна табла пред зградата на Општина Кочани, и на веб страната на општината www.kocani.gov.mk , а подетални информации во врска со деталниот урбанистички план ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.