Врз основа на член 2 став 1), став 2) и став 3) од Уредбата за описите на категориите и нивоата на работните места на административните службеници („Сл.весник на РМ“ бр.72/2014 и бр.147/2014), а во врска со Записник од одржан стручен колегиум бр.41 на ден 26.11.2018 година, Секретарот на Општина Кочани, распишува
ЈАВНА ОБЈАВА
за ангажирање на лица за вршење работи – достава на акти
со Договор на дело
Општина Кочани, распишува јавна објава за ангажирање на 10 (десет) невработени лица за вршење на работи – достава на акти со Договор на дело.
Лицата кои ќе бидат ангажирани за достава на акти, ќе вршат достава на Решенија за забрана на користење на средства и Решенија за одбивање на барања за утврдување на правен статус на бесправен објект.
Доставата ќе се врши на територија на општина Кочани, а цената за извршената услуга се плаќа по 30 денари од уредна достава.
Со секое ангажирано лице ќе се склучи посебен Договор, во согласност на член 619 од Закон за облигациони односи – Договор на дело.
Минимум критериуми и потребна документација за пријавување:
- Пријава за јавна објава, со лични квалификации – CV (кратка биографија), адреса и телефон за контакт;
- Лицата кои се пријавуваат да имаат завршено минимум средно образование;
- Да се невработени лица што ќе го докажат со Потврда за невработено лице, издадена од Агенција за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Кочани;
Јавната објава трае 5 (пет) дена од денот на објавувањето.
Пријавите со документацијата се доставуваат во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или по пошта на адреса: ул. Раде Кратовче бр.1, 2300 Кочани, Република Македонија.
Секретар на Општина Кочани
Александар Јосифов