Општина Кочани организира јавна презентација и јавна анкета по Архитектонско-урбанистички проект за разработка на УПС Долни Подлог, за формирање градежна парцела на дел од КП 1527/1 и дел од КП 1526, со намена за домување во станбени куќи со селско-стопански двор во КО Долни Подлог, Општина Кочани.
Проектниот опфат од исток граничи со станбената улица „Даниел Стефанов“, на југ со КП бр. 1525, на запад со дел од КП бр. 1521 и дел од КП бр. 1520, а на север граничи со дел од КП бр. 1527/1.
Јавната презентација по Архитектонско-урбанистичкиот проект за разработка на УПС Долни Подлог ќе се одржи в петок, на 25 декември 2020, во периодот од 9 до 12 ч., пред зградата на Општина Кочани, со почитување на пропишаните мерки за заштита од Ковид-19.
Јавната анкета ќе се спроведе во периодот од 24. до 30.12.2020 год., рок во кој заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со проектниот опфат можат да достават забелешки, предлози и мислења во писмена форма, на анкетни листови, кои можат да ги подигнат од архивата во општинската зграда и од веб-страницата на Општина Кочани, или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови треба да се достави копија од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.