Општина Кочани упатува јавен повик за учество во изложбата на ликовни дела на жени уметници, под наслов Инфинити“, што ја организира во соработка со НУ Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани.

Изложбата ќе биде отворена на 26 април 2024 год., во  Салон фоаје 2, НУ Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани и ќе трае 14 дена.

ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО

°        На изложбата може да учествува жена академски уметник или уметница со остварени најмалку две самостојни изложби

°        На изложбата може да учествуваат авторки од Кочани, Штип, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево

°        Уметниците може да изложат дела од: сликарство, скулптура, графика и цртеж

°        Секоја учесничка може да пријави најмногу 2 (две) свои дела, на слободна тема

°        Формат на делата:

  • за слика, графика, цртеж, најмногу 100 х 100 cm
  • за скулптура, најмногу 100 х 100 x 100 cm

 

ПЕРИОД ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ЛИКОВНИТЕ ДЕЛА

Делата за изложбата „Инфинити“ треба да се достават во просториите на НУЦК „Бели мугри“ – Кочани, во периодот од 4 до 17 април 2024 год., помеѓу  8 и 15 часот.

 

 Фотографии од делата и од авторката, заедно со пополнетиот формулар задолжително да се испратат на следнава е-адреса: opstina.kocani@gmail.com

КАТАЛОГ И ПРОПАГАНДЕН МАТЕРИЈАЛ

Организаторот ќе подготви каталог од изложбата во печатена или електронска форма.

ОСИГУРУВАЊЕ НА ДЕЛАТА

Организаторот ја преземa одговорностa кон делата за времетраење на изложбата, а не презема никаква одговорност, пред и по завршување на изложбата како и при транспортот на делата.

За да се избегнат оштетувања, при доставата делата треба да бидат соодветно заштитени и уредно спакувани.

ИНФОРМАЦИИ

НУЦК „Бели мугри“ – Кочани
Адреса: ул „Кеј на Револуцијата“ бб,  2300 Кочани

Лице за контакт:

Стручен соработник за визуелни уметности: Александра Димитрова

Телефон: 070 821 908
Е-адреса: s_aleksandra04@yahoo.com

Општина Кочани

Лице за контакт:

Координатор за еднакви можности на жените и мажите: Љубинка Ајтовска

Телефон: 072 306 081

Е-адреса: ajtovska@mail.com

 

ЛИНК КОН ПРИЈАВА