Советот на Општина Кочани  донесе одлука за формирање нова Комисија за распределба на средствата од Програмата за спорт за 2020 година.

Во Комисијата, покрај редовните, треба да бидат вклучени и надворешни лица, познавачи на спортските прилики во Кочани, упатени во изготвување на вакви или слични критериуми и подготвени за соработка и сл.

Општина Кочани ги повикува сите заинтересирани лица, клубови и здруженија да  се пријават односно да пријават членови во Комисијата за распределба на средствата од Програмата за спорт за 2020 година.

Рокот за пријавување е до 15 јануари 2020 г. Пријавата (којашто ја има и во електронска форма на веб-страницата на Општина Кочани) се пополнува и доставува на Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани од 7:30 до 15:30 ч.