Врз основа на член 50 став (1) т.1, т.4 и т.16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02), а во врска со член 22 став (1) т.2 од истиот закон и согласно Одлуката за одобрување субвенционирање на граѓани жители на општина Кочани во трошоците за велосипед и за утврдување начинот, условите и постапката за субвенционирање бр.09-615/1 од 25.02.2022 година(„Службен гласник на Општина Кочани“ бр.2/2022) и точка II подточка 3.4. Субвенционирање на велосипеди од Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2022 година („Службен гласник на Општина Кочани“ бр.20/2021), Општина Кочани на ден 14.03.2022 година објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање на граѓани жители на општина Кочани на
дел од трошоците што ќе ги направат за купување на велосипед за возрастни
со минимум 24 инчи (цола) во 2022 година
- Опис на јавниот повик:
- Општина Кочани со цел да ги стимулира граѓаните жители на општина Кочани за користење на велосипед како превозно средство наместо автомобил, со цел намалување на загадувањето на воздухот на подрачјето на општина Кочани, на граѓаните на општина Кочани што купиле велосипед за возрасни со минимум 24 инчи (цола) во периодот на траењето на овој јавен повик од 30 (триесет) дена, сметано од денот на објавување на истиот, ќе им надомести дел од трошоците направени при купувањето на велосипедот за возрасни со минимум 24 инчи (цола) во висина од по 3.000,00 денари, нето износ по барател (домаќинство) на начин и услови утврдени во овој Повик.
- Јавниот повик трае 30 дена сметано од 03.2022 година до 13.04.2022 година.
- Јавниот повик е објавен на огласната табла на Општина Кочани и на веб-страницата https://kocani.gov.mk/ на Општина Кочани.
- Субвенционирањето на граѓаните жители на општина Кочани на дел од трошоците за велосипед за возрасни со минимум 24 инчи (цола) ќе се финансира од Буџетот на Општина Кочани за 2022 година, Програма за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2022 година.
- Вкупните средства планирани за субвенционирање на граѓаните жители на општина Кочани во дел од трошоците за купен велосипед за возрасни со минимум 24 инчи (цола) изнесуваат 000,00 денари со вклучени средства за исплата на персонален данок.
- Висината на поединечната субвенција по барател/домаќинство изнесува 000,00 денари, нето износ.
- Субвенционирањето ќе се врши во рамките на планираните буџетски средства според принципот: „прв дојден, прв услужен“.
- Исплатата на субвенцијата ќе се врши врз основа на донесено решение од Градоначалникот на Општина Кочани, сè до искористување на предвидените средства.
- Право на учество
- Право на учество имаат жители на општина Кочани кои ќе купат велосипед за возрасни со минимум 24 инчи (цола) во периодот сметано од денот на објавување на јавниот повик 03.2022 година до 13.04.2022 година и кои ќе достават навремено и комплетно барање за субвенција согласно условите од овој повик и докажат дека ги исполнуваат условите од овој повик.
- Барање за субвенција може да поднесе само едно полнолетно лице од едно домаќинство.
- Барателите кои имаат поднесено барања за субвенција по истекот на крајниот рок за поднесување на барања или немаат уредна и комплетна документација немаат право на субвенција.
- Услови кои треба да ги исполнува барателот за субвенционирање на дел од трошоците направени за купување на велосипед за возрасни со минимум 24 инчи (цола):
- Секој барателот кој поднесува барање за субвенционирање за на дел од трошоците кои ги има направено за купување на велосипед за возрасни со минимум 24 инчи (цола) треба да ги исполнува следните услови:
- да е полнолетен жител на општина Кочани,
- да е платен данокот на имот за станбениот објект во кој живее,
- велосипедот да е купен во периодот на траење на јавниот повик и тоа од 03.2022 година до 13.04.2022 година и да е за возрасни со минимум 24 инчи (цола) и
- во домаќинството да нема друг член што поднел барање за добивање на субвенција за ваков вид на субвенција.
- Барателот има обврска, на барање на Комисијата формирана од Градоначалникот, да го донесе на увид купениот велосипед во дворното место на административната зграда на Општина Кочани.
- Барателот за исполнување на условите од овој Повик со барањето ја доставува следната документација:
- копија од важечка лична карта или важечка патна исправа,
- копија од трансакциска сметка,
- изјава за давање согласност за користење лични податоци,
- изјава за семејна состојба,
- потврда од Општина Кочани дека e платен данокот на имот за станбениот објект во кој живее подносителот на барањето,
- фотографија за купениот велосипед,
- доказ дека купениот велосипед е за возрасни со минимум 24 инчи (цола) – пример спецификација/декларација/документ за велосипедот од кој може да се потврди дека истиот е 24 инчи (цола) или при недостиг на ваков документ барателот поднесува лична изјава дека велосипедот е за возрасни и колку инчи/цола има, а увид со напомена дека увид за вистинитоста на дадените податоци, односно за докажување на овие карактеристики врши комисијата,
- доказ дека купувањето на велосипедот е извршено во периодот на траење на јавниот повик и тоа фискална сметка или фактура со извод од банка за извршена уплата за купениот велосипед или Договор за плаќање на рати со прилог доказ за платена прва рата (во оригинал или копија заверено кај нотар) и
- изјава заверена кај нотар, со која барателот под морална, материјална и кривична одговорност ќе потврди дека во домаќинството нема друг член што поднел барање за добивање на овој вид субвенција и дека е согласен на барање на Комисијата да го донесе на увид купениот велосипед во дворот на административната зграда на Општината, во спротивно барањето за субвенција ќе биде одбиено.
- Краен рокза поднесување на барање за субвенција за велосипед за возрасни со минимум 24 инчи (цола) е 04.2022 година до 15:30 часот. Секое барање поднесено после овој рок ќе биде отфрлено.
- Начин на поднесување на барањеза субвенција за велосипед за возрасни со минимум 24 инчи (цола):
- Барателот потребните обрасци и тоа: Образецот на Барањето за субвенција на дел од трошоците за купен велосипед за возрасни со минимум 24 инчи (цола), Образецот на изјава за давање согласност за користење лични податоци, Образецот на изјава за семејна состојба, и Образецот на изјавата која треба да ја завери на нотар, може да ги подигне од Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани, ул.Раде Кратовче бр.1, Кочани, секој работен ден во работно време од 7.30 ч.-15.30 чaсот или да ги преземе од веб страницата на Општина Кочани http://kocani.gov.mk/.
- Барањето за субвенција, комплетирано со целокупната потребна документација се поднесува во определениот рок наведен во јавниот повик, на еден од следните начини за поднесување:
- во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани,
- по пошта на адреса: Општина Кочани ул. „Раде Кратовче“ бр. 1, 2300 Кочани или
- по електронски пат преку апликацијата мЗаедница, со тоа што при прикачување на пријавата за субвенција во електронската апликација подносителот е должен да ги скенира во оригинал и задолжително да ги прикачи документите кои се бараат за исполнување на условите за субвенција.
- Доколку поднесенотобарање за добивање на субвенција преку апликацијата мЗаедница е оценето како прифатливо и е во рамките на планираните вкупни буџетски средства, комисијата преку апликацијата, а пред донесувањето на актот за одобрување на субвенцијата,ќе го извести барателот во рок од најмногу 5 дена, да ги достави во оригинал или во копија заверена на нотар документите наведени во јавниот повик, а кои ги прикачил скенирани на апликацијата при поднесувањето на барањето за субвенција.
- Ако барателот на субвенцијата не ги прикачил согласно јавниот повик сите потребни документи на електронската апликација мЗаедница или истите се делумно прикачени ќе се смета дека истиот не успеал да докаже дека ги исполнува во целост условите за добивање на субвенција и комисијата ќе го отфрли барањето како неприфатливо.
- Доколку барањето за субвенција е поднесено навремено, во согласност со условите од јавниот повик и ја содржи целокупната потребна документација согласно објавениот јавен повик, Градоначалникот ќе донесе Решение со кое барањето за субвенција ќе го прифати и на барателот ќе му одобри субвенција во висина од 3.000,00 денари.
- Ненавремено поднесено барање за субвенција ќе се отфрли со Решение на Градоначалникот.
- Доколку барањето за субвенција не ја содржи целокупната потребна документација согласно условите од објавениот јавен повик и не ги исполнува условите за добивање на субвенција, Градоначалникот ќе донесе Решение со кое ќе го одбие барањето за субвенција и ќе ги наведе причините за тоа.
- Начин на спроведување на постапката:
Постапката за субвенционирање за велосипед ја спроведува комисија формирана од Градоначалникот на Општина Кочани. Комисијата ги разгледува и проверува сите пристигнати барања во врска со овој Повик. По приемот на барањето за субвенција со приложената документација, Комисијата најпрво утврдува дали истото е поднесено во определениот рок. Барањето кое е поднесено после истекот на крајниот рок за поднесување на барања за оваа субвенција ќе се отфрли како ненавремено.
Комисијата врши увид на купениот велосипед. Увидот се врши во дворното место на административната зграда на Општина Кочани. Обврска на барателот е да го донесе велосипедот на увид по барање на комисијата. Доколку барателот не го достави на увид велосипедот, Комисијата дава предлог на Градоначаланикот да го одбие барањето за субвенција.
При разгледување на секое поднесено барање со прилог документација, доколку Комисијата констатира дека:
- барателот ги исполнува условите од објавениот јавен повик за субвенција за велосипед ќе поднесе предлог до Градоначалникот да го прифати барањето;
- Барателот не ги исполнува условите од објавениот јавен повик за субвенција за велосипед, ќе поднесе предлог до Градоначалникот за го одбие барањето.
- Дополнителни информации: Дополнителни информации може да добиете на e-пошта: vlado_filipov@kocani.gov.mk, тел.033/274-001, моб.тел.072/306-094 Владо Филипов.