Врз основа Одлуката за утврдување на начинот, условите и постапката за субвенционирање на граѓаните жители на општина Кочани на дел од тршоците за печки на пелети и за инвертер-клими донесена од Советот на Општина Кочани под бр.09-2199/1 од 30.10.2019 година („Службен гласник на Општина Кочани“ бр.10/2019) и точка II, потточка 6 од Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2019 година („Службен гласник на Општина Кочани“ бр.14/2018, и бр.10/2019), Општина Кочани објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за
субвенционирање на граѓани жители на општина Кочани
на дел од трошоците за печки на пелети и за инвертер-клими
- Опис на јавниот повик:
- Општина Кочани со цел да ги стимулира жителите на општина Кочани (домакинствата) за примена на нов начин на греење, со кој ќе се намали загадувањето на воздухот, на жителите што купиле печка на пелети или инвертер клима во периодот од 11.2019 година односно од објавувањето на овој повик до 20.12.2019 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при купувањето на печка на пелети или инвертер клима во висина од по 10.000,00 денари, нето износ по барател (домаќинство) според условите утврдени во овој Повик.
- Јавниот повик трае од денот на објавувањето 11.11.2019 година до 20.12.2019 година.
- Јавниот повик е објавен во дневниот печатен македонски весник „Нова Македонија“, на огласната табла на Општина Кочани и на веб-страницата на Општина Кочани.
- Субвенционирањето на граѓаните жители на општина Кочани во трошоците за печки на пелети и за инвертер-клими ќе се финансира од Буџетот на Општина Кочани за 2019 година, Програма Р1, ставка 464.
- Вкупните средства планирани за субвенционирање на граѓаните жители на општина Кочани во дел од трошоците за печки на пелети и за инвертер-клими изнесуваат 600.000,00 денари.
- Субвенционирањето ќе се врши во рамките на планираните буџетски средства според принципот: „прв дојден, прв услужен“.
- Исплатата на субвенцијата ќе се врши врз основа на донесено решение од Градоначалникот на Општина Кочани, сè до искористување на предвидените средства.
- Право на учество:
- Право на учество имаат жители на Општина Кочани што купиле печка на пелети или инвертер клима во периодот од објавувањето на јавниот повик 11.11.2019 година до 20.12.2019 година, и кои ќе достават навремено и комплетно барање за субвенција согласно условите од овој повик.
- Барање за субвенција може да поднесе само едно лице од едно домаќинство за еден вид субвенција – за печка на пелети или за инвертер клима.
- Барателите кои имаат поднесено барања за субвенција по истекот на крајниот рок за поднесување на барања или немаат уредна и комплетна документација немаат право на субвенција.
- Услови кои треба да ги исполнува барателот за субвенционирање за печки на пелети:
3.1. Секој барателот кој поднесува барање за субвенционирање за печки на пелети треба да ги исполнува следните услови:
– да е жител на општина Кочани ,
– да има платено данок на имот за станбениот објект каде што е инсталирана или ќе се инсталира печката на пелети,
– печката на пелети да ја има купено во периодот од објавувањето на јавниот повик односно од 11.11.2019 година до 20.12.2019 година,
– во домаќинството да нема друг член што поднел барање за добивање субвенција,
– до поднесување на барањето да бил корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
– објектот во кој е инсталирана или ќе се инсталира печката на пелети да не е во фаза на градба,
– барателот да нема користено ваков вид субвенција.
3.2. Барателот за исполнување на условите од т.3.1, со барањето ја доставува следната документација:
- копија од лична карта,
- копија од трансакциска сметка,
- изјава за давање согласност за користење лични податоци,
- изјава за семејна состојба,
- потврда од Општина Кочани дека има платено данок на имот за станбениот објект каде што е вградена или ќе се вгради печката за пелети,
- фотографија од печката на јаглен, дрва, нафта или мазут која ја користел,
- доказ дека купувањето на печката на пелети е извршено во периодот од објавување на јавниот повик односно од 11.11.2019 година до 20.12.2019 година и тоа фискална сметка или фактура со извод од банка за извршена уплата за купена печка на пелети (во оригинал или копија заверена кај нотар),
- изјава заверена кај нотар, со која барателот под материјална и кривична одговорност ќе потврди дека:
- до поднесувањето на барањето бил корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
- објектот во кој е/ќе се инсталира печката на пелети не е во фаза на градба,
- во домаќинството нема друг член што поднел барање за добивање на овој вид субвенција и
- нема користено ваков вид субвенција.
- Услови кои треба да ги исполнува барателот за субвенционирање за инвертер клими:
4.1. Секој барателот кој поднесува барање за субвенционирање за инвертер клими треба да ги исполнува следните услови:
– да е жител на општина Кочани ,
– да има платено данок на имот за станбениот објект каде што е вградена или ќе се вгради инвертер климата,
– климата инвертер да ја има купено во периодот од објавувањето на јавниот повик односно од 11.11.2019 година до 20.12.2019 година,
– во домаќинството да нема друг член што поднел барање за добивање ваков вид субвенција,
– до поднесување на барањето да бил корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
– објектот во кој ќе се вгради инвертер климата да не е во фаза на градба,
– барателот да нема користено ваков вид субвенција.
4.2. Барателот за исполнување на условите од т.4.1, со барањето ја доставува следната документација:
- копија од лична карта,
- копија од трансакциска сметка,
- изјава за давање согласност за користење лични податоци,
- изјава за семејна состојба,
- потврда од Општина Кочани дека има платено данок на имот за станбениот објект каде што е вградена или ќе се вгради инвертер климата,
- фотографија од печката на јаглен, дрва, нафта или мазут која ја користел,
- доказ дека купувањето на инвертер климата е извршено во периодот од објавување на јавниот повик односно од 11.11.2019 година до 20.12.2019 година и тоа фискална сметка или фактура со извод од банка за извршена уплата за купена клима инвертер (во оригинал или копија заверена кај нотар),
- изјава заверена кај нотар, со која барателот под материјална и кривична одговорност ќе потврди дека:
- до поднесувањето на барањето бил корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
- објектот во кој е/ќе се инсталира инвертер климата не е во фаза на градба,
- во домаќинството нема друг член што поднел барање за добивање на овој вид субвенција и
- нема користено ваков вид субвенција.
- Краен рок за поднесување на барање за субвенција за печка на пелети или за инвертер клима е 20.12.2019 година до 15:30ч.. Секое барање поднесено после овој рок ќе биде отфрлено.
- Начин на поднесување на барање за субвенција за печка на пелети или за инвертер клима: Барателот може да ги подигне: образецот на Барањето за субвенција за печка на пелети или за инвертер клима, образецот на изјава за давање согласност за користење лични податоци, образецот на изјава за семејна состојба и образецот на Изјавата која треба да ја завери на нотар од Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани, ул.Раде Кратовче бр.1, Кочани, и од веб страницата на Општина Кочани http://kocani.gov.mk/, секој работен ден во работно време од 7,30 ч.-15,30 ч.
Барањето за субвенција комплетирано со целокупната потребна документација се поднесува во затворен коверт во Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани ул.Раде Кратовче бр.1, Кочани 2300, со ознака: „Барање за субвенција по оглас бр.08-2269/2019. До Комисија за спроведување на постапка за субвенционирање.“
- Начин на спроведување на постапката:
- Постапката за субвенционирање за печки на пелети и инвентер клими ќе ја спроведе комисија формирана од Градоначалникот на Општина Кочани.
- По поднесеното барање за субвенција, Комисијата формирана од Градоначалникот за таа намена врши контрола на терен во домот на барателот во врска со набавката и користењето на печките на пелети и инвертер клими.
- Доколку комисијата од увидот на лице место утврди дека барателот нема купено печка на пелети или клима инвертер, Комисијата ќе поднесе предлог до Градоначалникот да го отфрли барањето за субвенција.
- Доколку барањето е поднесено уредно, навремено, во согласност со условите од јавниот повик и ја содржи целокупната потребна документација согласно објавениот јавен повик, Комисијата до Градоначалникот ќе поднесе предлог да го прифати барањето и да донесе решение со кое на барателот ќе му одобри субвенција за печка на пелети или за клима уред во зависност од поднесеното барање за субвенција.
- Доколку барањето е некомплетно и неосновано и барателот не исполнува еден или повеќе од утврдените услови за субвенционирање комисијата до Градоначалникот ќе даде предлог истото да се одбие и ќе ги наведе причините за тоа.
- Дополнителни информации: Дополнителни информации може да добиете на тел.033/274-001, моб.тел.072/306-094 Владо Филипов.