ОПШТИНА КОЧАНИ

ЈАВЕН ПОВИК

за прибирање предлози за креирање на програмите за активностите на Општина Кочани за 2022 година

Врз основа на законските одредби,а заради транспарентност во работењето на единицата на локалната самоуправа,Општина Кочани ги повикува граѓаните, урбаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и институциите, со идеи, програми и проекти да се вклучат во креирањето на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година.

 Области на проекти кои ќе бидат поддржани:

  • КУЛТУРА
  • ОБРАЗОВАНИЕ
  • НВО
  • СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА
  • ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
  • СПОРТ
  • МЛАДИ
  • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • КОМУНАЛНИ РАБОТИ
  • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
  • УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ
  • ЖИВОТНА СРЕДИНА
  • ДРУГО

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кочани за 2022 година наменети за финансирање на проекти и активности,Општина Кочани ќе го врши врз основа на критериуми и приоротети.

Временската рамка за спроведување на проектите е до крајот на фискалната година, односно до 31.12.2022 година.

Покрај Пријавата за финансирање на проекти која треба да биде пополнета, потпишана од застапникот и заверена со печат (доколку е правно лице),задолжително треба да ги достави следниве прилози:

  • Образец-Извештај за искористени средства за претходната 2021 година(доколку има користено)
  • Фотокопија од завршната сметка;
  • Уверение за платени даноци издадено од даночните органи.

Потребните податоци како и предлог проектите и активностите, со финансиската конструкција, треба да се достават на посебна пријава која може да се подигне во Архивата на Општина Кочани или од официјалната веб страница на Општина Кочани www info@kocani.gov.mk

Програмите и проектите во  електронска форма можат да се достават преку електронска пошта на адреса info@kocani.gov.mk (со назнака за јавен повик за предлог-проекти),  или преку Едношалтерската  канцеларија на Општина Кочани,најдоцна до 15 октомври 2021 година за развојните проекти ,а за финансирање на здруженија,невладини огранизации и друѓи,најдоцна до 15 ноември.

 Вклучете се во креирањето на буџетот и поддржете го партиципативниот развој на локалната заедница!