Врз основа на член 17 став (2)  од Закон за младинско учество и младински политики („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.10/2020),член 40, член 40-а и член 40-б од Статутот за изменување и дополнување на Статутот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр.12/2020), и одлука за формирање на локален младински совет на општина Кочани, донесена од Градоначалникот на Општина Кочани (бр.03-572/1), Иницијативниот одбор во соработка со Општина Кочани на ден 13.04.2021 година објавува 

ЈАВЕН ПОВИК за номинирање на претставници од формите на организирање и здружување на младите за формирање на Локално Собрание за  млади

  1. Опис на јавниот повик: Иницијативниот одбор за формирање на младински совет при Општина Кочани распишува Јавен повик за членство во Локално Собрание на млади на Општина Кочани.
  2. Право на учество: Јавниот повик е упатен до формите на организирање и здружување кои ги предвидува Законот за младинско учество и младински политики, а тоа се: младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, кои не мора да бидат регистрирани во општината, но мора да имаат активности на територијата на општина Кочани.
  • Цел на овој повик: младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување да поднесат пријава до Општина Кочани со која ќе номинират свои членови ( делегат и заменик делегат), заради спроведување на постапката утврдена со Законот за младинско учество и младински политики за формирање на Локален младински совет на Општина Кочани.

Номинираните членови за локално собрание на млади треба да се жители на општина Кочани и да се на возраст од 15-29 години

  1. Задача на Локалното Собрание за млади: Собранието на млади објавува јавен повик за членови на локален младински совет, и ги избира членовите на младинскиот совет по пат на непосредни избори со тајно гласање во кое право на глас имаат делегатите од локалното собрание на млади.
  2. Потребни документи: Младинските организации заинтересирани да аплицираат треба да ги достават и следните документи:
  1. Пријава за номинација на делегат и заменик делегат поднесена од младинска организација (Образец во прилог)
  2. Портфолио на организацијата/групата/здружението
  3. Извештај за работата на младинската организација / здружението за 2019- 2020 година или друг документ во кои се наведени реализирани активности со млади, младински политки и иницијативи на подрачјето на општина Кочани,
  4. Писмо со номинација за делегат и заменик делегат на локалното младинско собрание и контакт информации за истите
  5. Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија.
  6. Изјава за согласност за користење на лични податоци (Образец во прилог) и
  7. Изјава за согласност од номинираните лица за прифаќање на номинацијата (Образец во прилог)

НАПОМЕНА: Организациите кои се дел од иницијативниот одбор,односно имаат нивни претставници, документи наведени под број 2 и 3 (портфолио на организацијата и извештај за работата) не е потребно повторно да ги доставуваат.

  1. Начин на поднесување на документите, рок и место:

Сите заинтересирани младински организации или други младински структури кои ги исполнуваат условите и критериумите наведени во овој Повик, можат да поднесат Пријава за номинација на свои претставници со потребната документација во еден примерок (потпишана од одговорното лице на организацијата), секој работен ден од 07:30-15:30 часот до крајниот рок за поднесување на пријави:

  • во Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани на ул.„Раде Кратовче“ бр.1 Кочани 2300,
  • по пошта на наведената адреса на Општина Кочани или
  • целокупната документација да ја скенират и достават на мејл:info@kocani.gov.mk.

Писмената документацијата се поднесува во затворен плик означен со ознака: „За јавен повик за формирање на Локално собрание за млади“, ако се поднесува по електронски пат се опишува предметот на пораката: „За јавен повик за формирање на Локално собрание за млади“

  • Период на траење на јавниот повик: Јавниот повик трае 7 (седум) дена од денот на објавувањето на веб страната на Општина Кочани, односно од 14.04.2021 година.
  • Краен рок за поднесување на пријави: Крајниот рок за поднесување на пријави  е         04.2021 година до 15:30 часот.
  1. Постапка за разгледување на поднесените пријави: Поднесените пријави ќе ги разгледа Иницијативниот одбор и ќе ја утврди валидноста и прифатливоста на поднесената документација.
  2. Дополнителни информации: Дополнителни информации може да добиете на тел.033/274-001, 078/273-594, davitkova@kocani.gov.mk, лице за контакт Славица Давиткова.

Бр. 03-572/14
13.04.2021 година
Кочани

ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР

Јован Стојанов
Милена Глигоровa
Мануела Саидова
Благој Лазаров
Бојана Манова
Иле Матеничарски
Борис Кикенски
Јани Михајлов