4.Основно училиште со ресурен центар „ Св. Климент Охридски“ Ново Село
Основно училиште со ресурен центар „Св. Климент Охридски“ Ново Село го има Југоисточниот реон и ги повикува сите заинтересирани кандидати/ки од општините Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Зрновци, Кочани, Македонска Каменица, Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Чешиново Облешево, Конче, Радовиш кои имаат интерес да ја обезбедуваат услугата од образовна асистенција да поднесат пријава за интерес до училиштетето на адреса:
ПОУ „ Св. Климент Охридски“ Ново Село, ул„ Маршал Тито бр. 103, општина Ново Село поштенски број 2434
И по електронски пат на sv_klimentoh@yahoo.com
со назнака Изјавување на интерес за образовен асистент
За подетални информации Ве молиме да не контактирате на 034/355-247 факс 034/355-077 или на мобилен: Звонко Ангеловски 070/263-177 и Елена Гаврилова (кординатор) 075/726-969
Потребни документи
Кон барањето потребно е да се доставиписмо со намери зошто кандидатот/ка се пријавува на повикот, задолжително се доставува кратка биографија (CV), и доколку кандидатот/ка веќе обезбедува образовна асистенција на ученик/ученичка да се наведе името на училиштето, одделението на ученикот/ученичката и со задолжителна претходна согласност на родителот/старателот / име и презиме на ученикот/ученичката.
На Јавниот повик за изразување на интерес право на пријавување имаат сите кандидати/ки кои ги исполнуваат условите пропишани со Правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи за образовниот асистент, односно специјален едукатор и рехабилитатор, психолог, педагог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено VII/1 степен те.VI/A според македонската рамка за квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1степен те. VI/Aспоред МРК или 240 ЕКТС), односно наставник по предметна настава (VII/1степен те. VI/Aспоред МРК или 240 ЕКТС).
Краен рок за Изразување на интерес за обезбедување на услугата за образовна асистенција е 02.07.2021 година.