Врз основа на член 50 став (1) точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02,), а во врска со член 8-ѕ од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15, 37/16, 71/16, 64/18, 140/18 и 163/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19 и 67/22), Градоначалникот на Општина Кочани објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за избор и овластување на правно лице за стручно оспособување на кандидати за добивање на сертификат за авто-такси возач

 

  1. Предмет на овој јавен повик е: избор и овластување на правно лице за стручно оспособување на кандидати за добивање на сертификат за авто-такси возач за подрачјето на општина Кочани.
  2. Услови за учество: На повикот можат да се пријават сите заинтересирани правни лица кои ги исполнуваат условите од член 8-ѕ став 2 од Законот за превоз во патниот сообракај, односно стручно оспособување на кандидати за добивање на сертификат за авто-такси возач може да врши правно лице кое располага со:

– минимум 30 м2 простор (во Градот Кочани) опремен за одржување на обуката ,
– информатичка технологија и друга опрема за водење на евиденција и
–  минимум три лица вработени во редовен работен однос со високо образование (економски, сообракаен или правен факултет), со најмалку три години работно искуство од областа на транспортот.

-Заинтересираните правни лица треба да достават вкупна цена за надоместокот за полагање на испит за авто-такси возач со вклучени трошоци и давачки. Висината на надоместокот треба да биде во рамките на направените трошоци за обука, литература, потрошен материјал, трошоци за испитната комисија и друго. Согласност на трошковникот дава Градоначалникот на Општина Кочани,

  • Да изготви програма за полагање на испит за добивање на сертификат за авто-такси возач.
  1. Потребни документи: Заинтересираните правни лица како доказ дека ги исполнуваат условите од точка 2 од овој Повик, доставуваат:
  • Пријава (Образец 1),
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци,
  • Релевантен писмен доказ дека располага со минимум 30 м2 простор (во Градот Кочани) опремен за одржување на обуката (Изјава од понудувачот со прилог Имотен лист или Договор за закуп на простор и др.) (Образец 3+ обезбеден доказ од правното лице)
  • Релевантен писмен доказ дека располага со информатичка технологија и друга опрема за водење на евиденција (Изјава од понудувачот со прилог Пописна листа за 2021 година или др.релевантен доказ) (Образец 4+ обезбеден доказ од правното лице)
  • Доказ дека располага со минимум три лица вработени во редовен работен однос со високо образование (економски, сообракаен или правен факултет), со најмалку три години работно искуство од областа на транспортот – (Копии од обрасците М1/М2 за минимум тројца вработени, Список на вработени по обврзник од ФПИО непостар од 60 дена), Уверение или диплома за завршено високо образование (економски, сообракаен или правен факултет) за минимум три лица вработени во редовен работен однос и Потврда за најмалку три години работно искуство од областа на транспортот за секое вработено лице,
  • Да достави програма за полагање на испит за добивање на сертификат за авто-такси возач,
  • Трошковник за висина на надоместок за полагање на испит за авто-такси возач, со сите вклучени трошоци и давачки,
  • Изјава за лични податоци (Образец 2).
  1. Критериум за избор и овластување на правно лице за стручно оспособување на кандидати за добивање на сертификат за авто-такси возач за подрачјето на општина Кочани е: најниска понудена вкупна цена-Трошковник за висина на надоместок за полагање на испит за авто-такси возач, со сите вклучени трошоци и давачки.
  1. Рок и место на поднесување на пријави: Пријавите по јавниот повик со комплетната документација можат да се поднесат преку пошта на адреса: Општина Кочани, ул.„Раде Кратовче“ бр.1 Кочани 2300 или со поднесување на пријава во Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани во рок сметано од денот на објавување на јавниот повик до крајниот рок за прием на пријави: 18.05.2022 година до 15:30 часот. На пријавата да се наведе: Пријава по јавен повик за избор и овластување на правно лице за стручно оспособување на кандидати за добивање на сертификат за авто-такси возач за подрачјето на општина Кочани
  1. Крајниот рок за прием на пријави по овој повик е: 18 мај 2022 година до 15:30 часот.
  1. Обврски на правното лице чија пријава е избрана за најповолна согласно условите од овој повик:
  • да има програма за полагање на испит за добивање на сертификат за авто-такси возач;
  • да соработува со Комисијата за полагање на испит за авто-такси возач формирана од градоначалникот на Општина Кочани,
  • да врши стручно оспособување на кандидати за добивање на сертификат за авто-такси возач за подрачјето на општина Кочани согласно Програмата за полагање на испит за добивање на сертификат за авто-такси возач.
  1. Обврски на Општина Кочани:

По разгледување на поднесените пријави по овој јавен повик Градоначалникот на Општина Кочани врз основа на критериуимот за избор- најниска понудена вкупна цена-Трошковник за висина на надоместок за полагање на испит за авто-такси возач, со сите вклучени трошоци и давачки, ќе донесе одлука со кој ќе изврши избор и овластување на правно лице кое ќе врши стручно оспособување на кандидати за добивање на сертификат за авто-такси возач за подрачјето на општина Кочани и со избраното право лице ќе склучи посебен договор за уредување на правата и обврските.

  1. Јавниот повик за избор и овластување на правно лице за стручно оспособување на кандидати за добивање на сертификат за авто-такси возач ќе биде објавен на огласна табла во Општина Кочани и на веб страната на Општина Кочани, од каде може да се симнат обрасците на пријавите и изјавите.
  2. Дополнителни информации: Венцо Бојков 072/275-605 и Жаклина Пауновска Анѓелковиќ 078/354-079.

Пријавата и изјавите можете да ги преземете овде.