Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање  (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, 44/2015,193/15, 31/16,163/16,64/18),   Градоначалникот на Општина Кочани,  го издава следното  

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека се распишува

ЈАВЕН ПОВИК

за  доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови

Јавниот повик  ќе трае  најмалку 30 дена , односно во перидот од 20.02.2020година  до 25.03.2020 година.

 Јавниот повик ќе биде објавен на веб страната  на Општина Кочани www.kocani.gov.mk,   во информацискиот систем е-урбанизам, на огласна табла на Општина Кочани, во дневниот весник „ Нова Македонија“ и во  Службен гласник на Општина Кочани.

Секое заинтересирано правно и физичко лице во текот на јавниот повик може да достави Иницијатива за изработка и донесување на  детален урбанистички план, урбанистички план за село и урбанистички план вон населено место, преку информацискиот систем е-урбанизам, или во писмена форма преку архивата на Општина Кочани.

            Предмет на иницијативата може да биде донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.

         Во доставената иницијатива да се даде образложение за бараната измена , а во прилог да се достави имотен лист за катастарската парцела за која се однесува иницијативата за изработка на  урбанистичкиот план.

         За доставените  иницијативи подносителите ќе бидат известени во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам, или во писмена форма,  во рок од 15 дена од завршување на јавниот повик.

         Средствата за изработка на урбанистичките планови за прифатените иницијативи  треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите.