Јавен Повик до  здруженија на граѓани и невладините организации

ДА ИЗРАЗАТ ИНТЕРЕС ДА АПЛИЦИРААТ ЗА ГРАНТ ЗА РАЗВОЈ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ

 

По објавувањето на повик од Министерството за труд и социјална политика за општините во Република  Северна Македонија да изразат интерес за учество во реализација на “Проектот за подобрување на социјалните услуги“ финансиран со средства од заем на Светска банка, Општина Кочани ги поканува заинтересираните здруженија на граѓани и невладините организации од Кочани како потенцијални даватели на услуги да аплициираат со предлог- проект за зголемување на пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица.

Една од главните цели на проектот е развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, согласно потребите на граѓаните и зголемување на пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица.

За подетални информации Ве молиме да ја посетите веб страната на МТСП www.mtsp.gov.mk (проект за подобрување на социјалните услуги).

Краен рок за поднесување на проектни – предлози до Општината 15.10.2019 година на info@kocani.gov.mk.

Проектните предлози треба да соджат податоци за : Видот на услугата, обемот, условите, содржината и квалитетот на услугите што се планираат да им се обезбедат на корисниците. Предлог-проектот треба да ја оправда потребата од развивање на предложените услуги, треба да го опише видот и планираниот број на корисници ,часови по корисник , подрачјето каде што ќе се врши дејноста, просториите и опремата што ќе се користи, бројот  и квалификацијата на вработените кои ќе бидат ангажирани, предвидените трошоци за воспоставување и водење на услугата, односно расчленување на буџетот, обезбедување на квалитет и други детали во

врска со квалитетот на услугата што се планира да се испорача од страна на барателот.