Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина КОЧАНИ, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 06.06.2022година се објавува:

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “„Придобивки”  на Општина Кочани, за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци  заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување КОЧАНИ.

Евидентираните невранботени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 6 (шест)месеци/ 9(девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

 

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .

 

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

 

Х     долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)          

Х  млади лица до 29 години

Х  лица постари од 50 години

Х  невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19

Х     лица корисници на гарантирана минимална помош

Х     лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност

Х лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

Х  жртви на семејно насилство

 Х  лица со попреченост

Х   жени припадници на ромската етничка заедница и  на останатите етничките заедници

Хлица припадници на ромската етничка заедница

Х лица на кои им е решен статусот со лична документација

Х самохрани родители

Х родители на деца со пречки во развојот

Х родители на 3 и повеќе деца

Х родители на деца на улица

Х бездомни лица

Х лица со незавршено средно или пониско образование

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

  • 3 (три) образовни асистенти во средно образование, (ВСС – педагог, психолог, социјален работник, социолог, наставник во одделенеска и наставник во предметна настава)
  • 5  (пет) негуватели на деца во градинка, (со завршено ССС со заврпшен гимназиски  смер, музичко образование , ликовно образование или медицина);
  • 6 (шест) лични асистенти – за лица со попреченост- (со завршена  ССС)
  • 2 (две) лица како дел од тим за психосоцијална поддршка и (со завршено ВСС, еден психолог и еден социјален работник)
  • 2 (две) лица даватели на услуги во Центарот за донации (ССС/основно)

 

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување КОЧАНИ во периодот од 06.06.2022 година до 13.06.2022 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина КОЧАНИ и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина КОЧАНИ  кај лицето Аника Илијевска Ѓорѓиева, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Кочани, кај лицето Ацо Серафимов, директор на ЦВ Кочани  Центар за социјлна работа Кочани и  кај лицето Зага Андонова,социјален работник .