Општина Кочани го започнува процесот на креирањето на Буџетот за 2025 година.
Со цел јавноста да се вклучи во овој процес, односно да се имаат предвид потребите на граѓаните, Општина Кочани упатува јавен повик до институциите, здруженија на граѓани и поединци за доставување предлози од поширок интерес на заедницата и конструктивни идеи за активности.
Предлозите може да бидат од сите сфери на надлежност на локалната самоуправа:
- комунални дејности
- урбанистичко планирање
- заштита на животна средина
- локален економски развој
- образование
- култура
- социјална заштита
- здравствена заштита
- спорт и млади
- поддршка на граѓанскиот сектор
- меѓународна соработка и
- други надлежности што се извршуваат согласно стандардите и постапките утврдени со закон.
Потребните податоци, предлог-проектите и активностите со финансиската конструкција, треба да се достават на посебна пријава од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или од веб-страницата на Општина Кочани: www info@kocani.gov.mk.
Поднесоците во електронска форма можат да се достават на е-адресата: info@kocani.gov.mk (со назнака: за јавен повик за предлог-проекти за развојни програми од делот на инфраструктурата, комунални работи, урбанистичко планирање и сл.), или преку Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани, најдоцна до 18 октомври 2024 година, додека предлозите од областа на спортот, културата, социјалната заштита и сл. најдоцна до 20 ноември 2024 година.
Линк до ПРИЈАВА