Врз основа на член 126 став 1 алинеа 7 од Законот за основно образование („Сл.Весник на РМ„ бр.103/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015) и член 85 од од Статутот на ОУ„Никола Карев“-Кочани, а во врска со одлуката на Општина Кочани со бр.08-1934/1 од 01.10.2015 година, Училишниот одбор на училиштето објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ДИРЕКТОР
Покрај општите услови предвидени со закон, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните потребни услови:
-Да има завршено високо образование;
-Да има најмалку 5 години работно искуство во воспитно-образовна установа верифицирана од МОН;
-Да ги исполнува условите за наставник или стручен соработник во основно образование;
-Да има положено испит за директор;
-Да е државјанин на Република Македонија;
-Да не е осудуван за кривични дела, кои го прават недостоен за вршење на воспитно-образовната работа.
Кандидатите кои ќе се пријават на конкурсот треба да ги достават следните документи:
-Пријава за конкурсот;
-Доказ за завршено високо образование;
-Потврда за работно искуство во воспитно-образовната установа;
Потврда дека не е осудуван за кривични дела кои го прават недостоен за вршење на воспитно -образовната работа;
-Доказ за положен испит за директор;
-Уверение за државјанство;
-Програма за работа за период од 4 години.
Јавниот оглас трае осум (8) работни дена сметано од денот на објавување во дневниот печат, а изборот ќе се изврши во рок од 30 дена од денот на завршување на истиот.
Молбата со прилозите се доставува до Училишниот Одбор на ОУ„Никола Карев“-Кочани.
Некомплетираните и неблаговремено доставените документи нема да се земат на разгледување.
УЧИЛИШЕН ОДБОР НА ОУ„НИКОЛА КАРЕВ“-КОЧАНИ