Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
– Млади лица до 29 години со ниски квалификации;
– Самохрани родители
– Роми;
– Невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година;
– Млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци;
– Родители на деца со пречки во развојот;
– Родители на 3 и повеќе деца;
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
– 1 (едно) лице за работа во Центарот за спроведување на акцијата “На заборавеното да му дадеме душа“- со завршено минимум средно образование, со искуство за работа во невладин сектор;
– 3 (три) лица за пружање на услуги на стари и изнемоштени лица и лица со хендикеп– со завршено минимум основно образование, по можност да има и лица од рурални средини;
– 1 (едно) лице за извршување работи посредник/ делење на храна- со завршено основно или средно образование;
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Кочани во периодот од 19.08.2016 година до 30.08.2016 година.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Кочани и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Кочани кај лицето Аника И.Ѓорѓиева, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување кај лицето Ивана Зашева, Центар за социјлна работа Кочани кај лицето Марија Гицова.