Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14 , 44/2015, 193/2015 и 31/2016), Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното соопштение. Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека Градоначалникот на Општина Кочани донесе Одлука за организирање јавна презентација и јавна анкета по Локална урбанистичко- планска документација изградба на хотелски комплекс на КП 210, КП 211/1, КП 211/2 и КП 212, КО Пашаџиково, Oпштина Кочани, со Тех.бр. 0801/176/15 од април 2016г., изработен од ДПУП „ БИЛД“ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, со површина од 0,4 ха. Местоположбата на планскиот опфат е м.в. Шарена чешма, на патниот правец кон спортко-рекреативниот центар Пониква. Границата на планскиот опфат е дефинирана по граници на катастарските парцели , односно: од североисток по граница на КП бр. 210 и КП бр. 211/2; од југоисток по граница на КП бр.211/2, КП бр. 211/1 и КПбр. 212; од запад по граница на КП бр.212 и КП бр.210; од северозапад по граница на КП бр.210. Покрај планскиот опфат е регионалниот пат Р 1320 кочани – Пониква.
ќе се одржи на ден 21.04.2016 г. со почеток во 11 30 часот во салата на Советот на Општина Кочани.
Јавната анкета по Локална урбанистичко- планска документација изградба на хотелски комплекс на КП 210, КП 211/1, КП 211/2 и КП 212, КО Пашаџиково, Oпштина Кочани, трае 6 работни дена , а ќе се одржи во периодот од 21.04.2016 год. до 28.04.2016 год., во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови , во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, и од веб страната на Општина Кочани , или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови да се достави копие од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.
Графичкиот прилог на локалната урбанистичко-планска документација ке биде изложен на огласна табла пред зградата на Општина Кочани, а подетални информации во врска со локалната урбанистичко – планска документација ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.