Денеска во летниот комплекс „Аква“ во Кочани беше организирана програма со повеќе музички содржини под наслов „Шест часа урбан здив“.
Организаторот Тошо Филиповски изрази благодарност за поддршката на настанот од Општина Кочани и истакна дека целта е да се промовира урбаната култура и винилот кој во светски рамки е доминантен носач на звук, кој се враќа и во Македонија и докажува дека го надживеа времето.
Настанот беше збогатен и со други културни содржини: промоции на винил-изданието „Космика“ на Васко Серафимов и на делото „Неправилен ритам“ од новинарот Љупчо Јолевски, а соло настап имаше и Зоки Трпков-Агресор, со теми од неговото прво винилно издание.
Во „Аква“ беа изложени стрипови и македонски музички плакати од Владимир Мандичевски-Манде, плакати од музички состави кои настапувале во Македонија изминативе 30 години.
Настанот „Шест часа урбан здив“ е дел од програмата на општинската манифестација „Петровден 2023“.