Во коритото на Кочанска Река се одвиваат градежни работи за чистење, активност според Акцискиот план на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Чистењето ќе трае еден месец и се реализира на потегот од Крушарски Мост до пешачкиот мост кај Водостопанство „Брегалница“.
Општина Кочани упатува апел до граѓаните да имаат разбирање за тешките градежни работи во централното градско подрачје.
Последиците од активностите уредно ќе бидат санирани.