На 23, 24, 25 и 26 јули 2020 г. (четврток, петок, сабота и недела) регионалниот пат Р1309 Кочани – Пониква, ќе биде затворен за сообраќај во периодот од  9 – 17 ч.

Заради функционирање на угостителските објекти, в сабота и недела (25 и 26 јули) ќе биде дозволено дополнително пропуштање на возилата во периодот од 10:30 до 11 ч. и од 14 до 14:30 ч.

Времената забрана за сообраќај е поради градежни активности во рамките на втората фаза од рехабилитација на овој патен правец.