Во рамките на реализацијата на наставните содржини со кои е опфатено изучувањето на локалната самоуправа, учениците од четврто одделение од ОУ „Малина Попиванова“ ја посетија Општина Кочани.

На средбата со градоначалникот Ратко Димитровски тие пројавија интерес за работењето на Општината, организациската структура и за работните задачи на вработените. Дел од учениците прашуваа на кој начин се избира градоначалникот, кој може да се кандидира и кој гласа.

На крајот на средбата, учениците се фотографираа со градоначалникот Димитровски.