На сите припадници на влашката заедница во Кочани им го честитам празникот со искрени желби за понатамошен успех во негувањето на влашката култура и традиција во Република Македонија.

Со славењето на овој ден оддаваме почит кон вековните стремежи за промоција на влашката заедница и потврдувањето на нејзините идентитетски, традиционални и културни вредности.

Придонесот на Власите во унапредувањето на меѓусебните односи отсекогаш претставувал пример за успешно градење на мултиетничко и мултикултурно општество кое ќе претставува гордост за нашите идни поколенија.

Нека е честит 23 мај, Националниот ден на Власите.

Градоначалник,

Ратко Димитровски

23.5.2016.

Кочани