Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов упати честитка по повод Денот на македонското востание – 11 Октомври.

– 11 Октомври е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Слободарското движење ја стави Македонија на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија во современата историја. Со својата вооружена борба против окупаторот, Македонија даде значаен придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна. Слава им на борците што ги подарија своите животи за Татковината и за слободата, 11 Октомври е вечен паметник за нив – се вели во честитката од градоначалникот Папазов.

По повод 83-годишнината од почетокот на македонското  востание, општински делегации ќе положат свежо цвеќе на споменици во Кочани.