По повод 80-годишнината од почетокот на антифашистичката борба во Македонија, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, партиски и делегации од Советот на Општината и Сојузот на борците од НОВ, положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на спомен-бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче, во Паркот на Револуцијата.
Оддавајќи им почит на жртвите за слободата на Македонија, Илијев истакна:
– 11 Октомври е израз на слободољубивоста на македонскиот народ. Борбата против фашизмот ја понесе Македонија во самостојна нородноослободителна борба и извојување на својата слобода. Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ и државотворноста на Македонија. Нека им е вечна славата на македонските антифашисти кои го положија својот живот за слободата – рече градоначалникот Илијев.
На сите граѓани, делегациите упатија честитки по повод Денот на востанието на македонскиот народ.